Ријад: Катар да престане со поддршка на исламистите

Од:

Ако сака обнова на односите со останатите арапски држави, Катар ќе треба да преземе неколку чекори, меѓу кои и да престане со поддршка на исламистичките групи како што се Хамас и Муслиманско братство, изјави вечерва во Париз саудискиот министер за надворешни работи Адел бин Ахмед ал Џубеир.

– Никој не сака да му наштети на Катар. Катар треба да избере во која насока ќе тргне, рече Џубеир, додавајќи дека целата на замрзнување на односите на арапските земји со Доха било да и се покаже на земјата дека треба да запре со својата досегашна политика.

Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати вчера објавија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, затоа што земјата го поддржува тероризмот.

Џубеир изјави дека Катар би можел да се соочи и со економски санкции, кои би требало да го убиедат да ја промени својата политика, пред се во однос кон екстремните исламистички групи.

– Се надеваме дека здравиот разум и логиката ќе го убедат Катар да преземе правилни чекори, додаде Џубеир.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ