Ријад ги протера Сиријците од конзулатот

Од:

Саудиските власти протераа три лица од сирискиот конзулат, што е нов знак за лошите односи меѓу двете земји.

Ријад ги поддржува бунотовниците кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад.

„Овие чекори се превземени во интерес на јавноста, затоа што нивното однесување не беше во согласност со нивните должности во конзулатот“, наведе во соопштение саудиското министерство за надворешни работи, кои го пренесоа медиумите.

Саудиска Арабија во март ја затвори својата амбасада во Дамаск, еден месец откако го протера сирискиот амбасадор во Ријад.

Ријад се труди да ја изолира владата на Асад и им пружа финансиска и логистичка помош на бунтовниците, наведува Ројтерс.

Сирија и нејзиниот сојузник, шиитски Иран, ја обвинуваат Саудиска Арабија и другите сунитски држави во регионот дека го поттикнуваат крвопролевањето со тоа што им помагаат на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права