Републиканците од Пенсилванија реагираат пред Врховниот суд

Од:

Републиканците од Пенсилванија апелираа до Врховниот суд на САД да издаде наредба за одделување на гласачките ливчиња за претседателските избори испратени по пошта, кои пристигнаа по денот на изборите, 3 ноември.

Државната секретарка на Пенсилванија, демократката Кети Буквар, веќе им нареди на локалните власти да ги раздвојат гласовите.

Како што пренесуваат американските медиуми, Републиканците без докази тврдат дека нејзините наредби не се почитуваат на локално ниво.

Тие наведуваат дека е нејасно дали сите окружни одбори се придржуваат до наредбата на Буквар во „постизборниот хаос“.

Пенсилванија е една од клучните држави за исходот на претседателските избори во САД, каде сè уште се бројат гласовите, а според последните информации, кандидатот на Демократите Џо Бајден го презеде водството од републиканскиот кандидат Доналд Трамп и сега е во мала предност.

Би можело да ве интересира

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Ројтерс: Демократите ќе бараат повторно пребројување на гласовите доколку Трамп пребрзо прогласи победа

Саливан: Постигнавме напредок во идентификувањето на странските влијанија врз американските избори

Горан Наумовски

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он