Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Од:

НАТО може да распореди воен контингент од 100.000 војници за воена акција против Русија доколку таа земја премине една од двете црвени линии, пишува во коментарот на италијанскиот весник „Република“.

Весникот наведува дека првата црвена линија се однесува на директна или индиректна интервенција на трета страна во војната против Украина, а се работи пред се за учество во инвазијата од северот на Белорусија, додека втората црвена линија е воена провокација против Балтичките земји, Полска или Молдавија.

Република забележува дека во моментов нема оперативни планови кои би вклучиле испраќање војници, туку само проценки на можни дејствија во случај на вонредни ситуации како последно средство и посочува дека фокусот се уште е на одвраќање и елиминирање на можноста директен конфликт да стане реалност.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски