Република Конго протера над 50.000 граѓани на Демократска Република Конго во изминатиот месец, соопштија властите во Киншаса.
Официјални лица во Бразавил, главниот град на Република Конго, објавија дека операцијата има за цел да стави крај на бранот злосторства, поврзани со странци и дека се протреарни сите што илегално престојуваат во земјата, а не само жители на ДР Конго.
Властите во Киншаса изразија загриженост од начинот, на кој е спроведена операцијата, но истакна дека се обидува да го реши проблемот по дипломатски пат.
Двете земји, кои се поделени од реката Конго, имаат силни етнички и трговски врски.