Ренци до земјите од Источна Европа: Нема бегалци, нема пари

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги предупреди лидерите на источноевропските држави, дека ако не помагаат во кризата со бегалците, можат да добијат помалку средства од ЕУ за развој. Toj тоа го изјави пред учесниците на средбата на високо ниво на ЕУ во Брисел, пренесе БТА.

Унгарија, Полска, Словачка и Чешка се меѓу најцврстите противници на плановите на ЕУ за префрлување на бегалците од Јужна Европа во останатите земји од Унијата.

– Миграциската криза е заеднички проблем за сите земји од ЕУ. Ако вие не покажете солидарност, земјите, кои внесуваат најмногу во буџетот на ЕУ, може да покажат помалку солидарност кон вас, изјавил Ренци пред своите колеги на вечерата во Брисел.

Италијанскиот премиер им се закани на источноевропските држави со намалување на средствата за развој, кои се одделуваат за нивните најсиромашни региони.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он