Renault-Nissan групацијата објави дека формирале договор за заедничко вложување со Russian Technologies и потпишале договор со кој стануваат сопственици на AvtoVAZ, кои ја поседуваат Lada, најпродаваниот бренд во државата.
Главниот извршен директор Карлос Гносн планира да го оживее брендот Lada со технологија и стручност овозможени од Renault-Nissan. До 2015 се планира производство на 1.4 милиони возила на Lada, Renault и Nissan во Русија.
Според рокот на договорот, кој ќе биде завршен во средината на 2014, Renault-Nissan ќе инвестира 743 милиони долари, со кои ќе добие контрола врз 67.13% од акциите , додека Russian Technologies ќе поседува само 7.37% од AvtoVAZ.