Бројот на туристи на Кипар е зголемен за 8,7 проценти во јули. Рекордното зголемување на бројот на туристи е поради масовните посети на британски туристи.
– Во јули на Кипар пристигнале 414.527 лица, а минатата година во истиот период островот го псоетиле 381.955 луѓе, се истакнува во соопштението на Организацијата за туризам на Кипар.
Во јуни бројот на туристи во споредба со истиот месец од 2014 година е зголемен за 1,5 проценти.
Рекордното зголемување на бројот на туристи во јули се должи на порастот од 22,5 отсто на лица од Велика Британија, раст од 65 отсто на туристи од Израел и на 55,8 проценти на туристи од Грција.
Во јули е забележан пад од 17,6 отсто на туристи од Русија.
Големиот број на британски туристи се должи на силната фунта во однос на еврото, како и директните летови од Велика Британија до Кипар.