Рекордни снежни врнежи во Москва и во Московскиот регион

Од:

Длабочината на снегот во Московскиот регион достигна 59 сантиметри, додека во самата Москва беше измерена на 48 сантиметри, изјави за РИА Новости Евгениј Тишковец, водечкиот метеоролог на центарот Фобос.

Тишковец прецизираше дека во Москва, наносите биле најдлабоки на локации како што се Московскиот државен универзитет – 48 сантиметри, Балчуг – 44 сантиметри, додека во Московскиот регион, највисока снежна покривка е забележана во Черусти – 59 сантиметри, Коломна – 51 сантиметар и Михајловски – 47 сантиметри.

– Откако снежните врнежи од петок ја зголемија висината на снежната покривка во главниот град на највисоко ниво од почетокот на оваа зима, снегот почна да се таложи и да се збива во текот на изминатите 24 часа. Сепак, снежните наноси се уште се над климатските норма насекаде, напиша Михаил Леус од метеоролошкиот центар Фобос.

Би можело да ве интересира

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Карлсон: Западот нема шанси да ја победи Москва

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Кремљ: Ова е отворена агресија против Техеран

(ВИДЕО) Бомбашки напад во Москва: Убиен e полицаец, двајца негови колеги се повредени

Горан Наумовски