Рекордни јунски температури во Велика Британија

Од:

Минатиот месец беше најтоплиот јуни досега во Велика Британија, соопшти денеска Националната метеоролошка служба на земјата, предупредувајќи дека климатските промени предизвикани од човекот ги прават таквите рекордни температури поверојатни.

Топлотните бранови кои соборуваат рекорди станаа глобална шема, а научниците предупредуваат дека напорите да се запре порастот на температурите не оди добро за да се спречат катастрофалните ефекти од глобалното затоплување, објави Ројтерс.

Британската метеоролошка служба соопшти дека просечната јунска температура од 15,8 степени Целзиусови била највисока во последните 140 години, надминувајќи го претходниот рекорд од 14,9 степени, поставен во 1940 и 1976 година.

Минатата година, Британија го забележа својот најтопол ден досега кога температурата за првпат „скокна“ над 40 степени Целзиусови, предизвикувајќи нарушување на инфраструктурата како аеродромите и железницата и предизвикувајќи шумски пожари.

Опишувајќи го најновиот рекорд како знак за климатските промени, Метеоролошката канцеларија соопшти дека студијата на нејзините научници покажала дека шансите за јунски потопло од 14,9 степени Целзиусови најмалку се удвоиле од околу 1940 година.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски