Рекордни јунски температури во Европа

Од:

Жештината во поголемиот дел од Европа предизвика рекордни јунски температури од Арктичкиот круг па сè до Северна Африка.

Силниот топлотен бран предизвика пораст на температурите значително над просекот за јуни во повеќе земји, во некои случаи и до 20 степени.

Во средата во Банак во Норвешка регистрирана е температура од 32.5 степени Целзиусови, највисока внатре во Арктичкиот круг во Европа. Температурата е значително поголема и од јунскиот просек од 13 степени Целзиусови.

Во понеделникот во Полска температурата достигнала околу 35 степени Целзиусови.

Во делови од источна Германија, на неколку локации измерени се 37 степени.

Јунските температурни рекорди се урнати и во Словенија и во Хрватска.

Невреме со грмотевици и град

Екстремните горештини се проширија и во Северна Африка. Температурите во Тунис во понеделникот беа изедначени со месечниот рекорд од 48.7 степени Целзиусови.

Од друга страна, Европа беше погодена и од невреме со грмотевици, што предизвика разорен одрон во јужниот дел на Австрија, а притоа загина едно лице. Поплавени се куќи и патишта во Корушка.

Деновиве се очекува повторно невреме со грмотевици, заедно со град и силен ветар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа