Рекордни горештини во јужна Калифорнија

Од:

Јужните делови на американската сојузна држава Калифорнија се зафатени од жежок бран, поради што синоптичарите за денеска најавуваат температури од 40 степени Целзиусови.

Според американската Национална метеоролошка служна, денеска се очекува температурите во Лос Анџелес и Сан Диего да достигант до 37 степени.

Во текот на вчерашниот ден во еден момент на универзитетот УКЛА во Лос Анџелес се измерени 44 степени Целзиусови, со што е надминат досегашниот рекорд од 42,8 степени измерен во 1939 година на оваа локација. Таа температура сепак е пониска од апсолутниот рекорд од 47,2 степени за подрајето на Лос Анџелес, измерен вчера во квартот Удланд Хилс.

Поради високите температури во повеќе градови во јужна Калифорнија климатизираните јавни објекти ќе бидат цело време достапни за граѓаните.

Паралено со жештините, во реонот северно од Лос Анџелес избувна голем пожар. Силниот топло ветер за брзо време го прошили пожарот, кој се доближил до северните предградија на Лос Анџелес, од каде се евакуирани стотици лица.

Минатата ноќ пожар избувна и во местото Галита. Пожарот започнал во една зграда, при што набрзо се проширил зафаќајќи 12 објекти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви