Рекорден висок број на случаи на ковид во Англија

Од:

Распространетоста на Ковид-19 кај Британците е на највисоко ниво од почетокот на пандемијата во 2020 година, покажаа денешните податоци од Британскиот Национален завод за статистика (ONS).

Се верува дека во последната недела од март, едно од 13 лица имало коронавирус, што е четврто последователно зголемување, додека една недела претходно соодносот бил еден спрема 16. ONS проценува дека 4,1 милиони луѓе во Англија имале Ковид-19.

Податоците пристигнаа истиот ден кога беше укинато бесплатното тестирање за Ковид-19 за граѓаните. Комплетот за самотестирање сега генерално чини околу две фунти, додека лабораторискиот PCR тест чини помеѓу 40 и 90 фунти.

Лидерот на опозициските лабуристи Кир Стармер предупреди дека укинувањето на бесплатното тестирање може да значи дека помалку луѓе ќе бидат тестирани кога ќе имаат симптоми.

Владата соопшти дека здравствените работници, работниците од социјалната помош и најранливите ќе можат бесплатно да се тестираат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот