Рекорден раст на испораките на течен природен гас од САД во ЕУ

Од:

Забележан е рекорден раст на испораките на течен природен гас (ТПГ) од САД во Европската Унија, објави денеска „Политико“ повикувајќи се на информации од Европската Комисија.

Во соопштението од ЕК се наведува дека во месец март биле регистрирани рекордни количини на испораки на ТПГ од САД во износ од повеќе од 1,4 милијарди кубни метри.

Уделот на САД во европскиот пазар на ТПГ е 12,6 отсто, додека Америка 35 отсто од целиот свој извоз на ТПГ го испорачува за Европа.

Официјалниот став на Вашингтон кон европските земји е Европа да ја намали зависноста од руски гас поради политичкиот притисок и злонамерното влијание што Москва го прави со својот монопол во земјите кои зависат од рускиот енергенс.

Конгресот во март дури изгласа и законска резолуција со која се бара запирање на изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ кој се простира по Балтичкото Море и директно ги поврзува Русија со Германија.

Русија преку гасоводите од Сибир снабдува речиси 37 отсто од вкупните потреба на природен гас во Европа, додека енергенсот транспортиран во форма на ТНГ со танкери, зазема многу мал дел од целокупниот пазар со природен гас.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Камала Харис го призна поразот

Предраг Петровиќ