Рекорден прилив на лекари од Јужна Европа во Велика Британија

Од:

Британското здравство се соочува со рекорден прилив на лекари од странство, но посебно со лекари од земјите на Јужна Европа,соопштено е денеска во Лондон.

Во годишниот извештај на британскиот Медицински совет ,се посочува дека југот на Европа сега дава повеќе лекари, ангажирани во амбулантите и болниците во Велика Британија, отколку реонот на Јужна Азија, од каде досега беа најголемиот број странски лекари.

Бројот на странските лекари во 2013 година е зголемена за осум отсто, па сега 5600 странци ги лечат британските пациенти на разни нивоа. Дури 33 отсто од нив,во минатата година, потекнувале од некоја од земјите на Јужна Европа, наспроти 20 отсто од лекарите кои по потекло се од земји како Индија, Пакистан, или Шри Ланка.

Пред пет години, ситуацијата беше обратна и тогаш доминираа лекарите од јужниот регион на Азија, додека само нешто над 10 отсто беа од југот на Европа.

Според извештајот на Медициснкиот совет, никогаш досега, во здравствената историја на земјата,немало на работа толку многу лекари странци, како и дојденци од јужните делови на европскиот континент.

Здравствените експерти не објаснуваат која е причината за напливот на високо образувани медицински кадри во британското здравство, но познавачи на состојбите во секторот на имиграцијата, велат дека има неколку причини за ваквата промена.

Пред се ,тоа е измената на имиграционите прописи, влегувањето на земјите од Јужна Европа во ЕУ, изедначувањето на квалификациите кои овозможуваат лесно вработување, како и атрактивноста на здравството во Британија, кое им нуди на странските лекари многу повисоки плати, како и можност за поголема и побрза специјализација.

Земјите од југот на Европа и на ЕУ, се уште не можат да понудат доволно големи плати,за да ги задржат во своите граници сите лекари, посебно младите ,а и можноста за напредување во тие средини е поограничена отколку во Велика Британија.

Анализата за приливот на странски лекари, открива  дека се менува и „традицијата“ во лекарската професија,па сега се повеќе жени, дојдени од некоја странска земја,работат како хирурзи, иако тоа во британската пракса се уште се третира како машка професија.

Британските лекари се согласуваат дека менувањето на една ваква „традиција“ е добра вест,но се загрижени дека напливот на странци може да го „задуши“ примарното здравство каде веќе има премногу лекари.

Во Велика Британија сега работат околу 260 илјади лекари на разни нивоа. 

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД