Рекорден број смртни случаи од предозирање со дрога во САД

Од:

Смртноста од предозирање со дрога во Соединетите Американски Држави се зголемила за 29,6 проценти од март 2020 година до истиот месец оваа година, покажува извештајот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Во извештајот се наведува дека 96.777 луѓе починале за 12 месеци како последица од предозирање со дрога, што е нов рекорд во САД.

Најголем пораст на смртноста од предозирање за една година е забележан во државата Вермонт, околу 85 проценти.

Смртните случаи од предозирање главно се предизвикани од употреба на опиоиди и синтетички опиоиди, а најниската смртност е забележана кај корисници на метадон.

ЦДЦ објави дека повеќе од 93.000 луѓе починале во текот на 2020 година поради предозирање со дрога.

Се смета дека околу 31,9 милиони луѓе постари од 12 години во САД (11,7 проценти) користат некој вид недозволена дрога.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски