Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска регистрираше рекорден број на инфекции со коронавирус и смртни случаи од Ковид-19 во еден ден, јави ДПА.
Во изминатите 24 часа се регистрирани се 1.414 нови локални случаи на инфекција и еден од странство. Има 12 нови смртни случаи. Ова е најлоша статистика за 24 часа во Нов Јужен Велс од почетокот на пандемијата на коронавирусот.