Русија објави рекорден дневен број на новозаразени со коронавирус од 180.071 случај, што е десет пати повеќе од минатиот месец.
Бројот на нови инфекции објавен денеска од државната работна група за коронавирус е за околу 2.800 случаи повеќе од претходниот ден, продолжувајќи го зголемувањето што започна во средината на јануари, кога имаше околу 17.000 нови случаи на ден.
Иако бројот на нови инфекции со коронавирусот драматично се зголеми во последните недели, бројот на дневни смртни случаи е стабилен или благо опаѓа, 661 лице починало во последните 24 часа, наспроти 796 на 6 јануари.