Полска забележа рекорден број новозаразени со коронавирус за еден ден – 40.876 случаи, соопшти Министерството за здравство на таа земја.
Министерот за здравство Адам Ниеџилски на Твитер објави дека бројот на тестирани постојано растел во текот на изминатата недела, при што денеска биле тестирани дури 151.000 луѓе, објави Ројтерс.
Полска, земја со околу 38 милиони жители, има една од највисоките стапки на смртност од Ковид, па досега починале 103.819 луѓе. Во исто време, стапката на вакцинација е под просекот за земјите од ЕУ.