Бројот на цивилните жртви на насилството во Авганистан се зголемил за рекордни 19 проценти во 2014 година, покажуваат податоци на Обединетите нации.
Во Авганистан оваа година се убиени 3.188 цивили, а 6.429 се ранети. Овие податоци се однесуваат на периодот од јануари до крајот на минатиот месец.
Бројот на убиените жени и деца се зголемил за 14, односно 33 отсто во споредба со претходната година.
Главна причина за големиот број цивилни жртви се воените операции на копно и рачно изработените експлозивни направи, нагласува Мисијата на ОН за помош на Авганистан.