Реконструирано лицето на средновековниот англиски крал Ричард Трети

Од:

 Британските научници извршија реконструкција на лицето на англискиот крал Ричард Трети, врз основа на черепот што заедно со коските беше откриен под еден општински паркинг во англискиот град Лестер.

Анализата што претходно ја направија археолозите од локалниот Универзитет потврди дека најдените остатоци му припаѓаат на средновековниот крал. Извршената реконструкција на лицето, направена со помош на комјутери, треба да покаже како изгледал кралот Ричард. Сите досега познати слики за него, направени од уметниците од тоа време, се изработени по неговата смрт.

Англискиот историчар Џон Ашдаун-Хил изјави дека реконструкцијата на лицето на овој крал, делува како човек да се сретнал и соочил со една вистинска личност.

– Се чувствувам како да живеам во неговото време, вели овој историчар.

Член на друштвото почитувачи на Ричард Трети, историчарката Филипа Ленгли смета дека обновеното лице на овој англиски крал, покажува дека тој, сепак, не личи на тиранин како што обично се опишува во книгите.

Ричард Трети е убиен во 1485 година, во битката кај Босфорт, кога имал 33 години. Во моментот на загинувањето, тој бил само две години на англискиот престол. Битката се водела за тронот, за кој како претендент се појавил Хенри Тјудор, подоцнежниот англиски крал Хенри Седми.

Животот и времето поминати на престолот на Ричард Трети се опишани во делата на Вилијам Шекспир.

Би можело да ве интересира

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја