Американската пошта ќе го стави легендарниот пејач Реј Чарлс во својата колекција поштенски марки „Музички икони засекогаш“.
Марката со ликот на Реј Чарлс ќе се најде во продажба од наредната недела. Во исто време на пазарот ќе се појави и една од неговите досега необјавени песни.
Свеченото претставување на новата поштенска марка со ликот на Реј Чарлс се одржа во Атланта. На свеченоста настапија некои од денешните ѕвезди на ритамот и блузот како Ашанти и „Morehouse Collage Glee Club“.
Реј Чарлс, блуз музичар, пејач и текстописец од Џорџија почина во 2004 година.
Американската пошта секоја година печати ограничено издание на поштенски марки во чест на некоја од големите музички легенди.