Регистрирани 14 нови случаи на заболени со МЕРС во Јужна Кореја

Од:

Министерството за здравство на Јужна Кореја денеска соопшти за 14 нови случаи на заболени со вирусот МЕРС, со што бројот на заразени достигна 122 лица.

Меѓу заболените има и бремена жена, која се заразила во ургентен центар во Сеул, а е поврзана со други заболени случаи. Родителите на бремената жена, исто така, претходно покажале позитивен резултат на МЕРС, се наведува во соопштението на министерството. Состојбата на жената е стабилна.

Ширењето на МЕРС предизвикува страв меѓу Јужнокорејците, а претседателката Парк Геун-хе ја одложи посетата на САД. Здравствените власти се критикувани за недостиг на транспарентност и за тоа, дека не успеваат да ја контролираат заразата.

Заедничката мисија на Јужна Кореја и Светската здравствена организација вчера препорачаа училиштата во земјата повторно да бидат отворени, бидејќи е мала веројатноста таму да се шири вирусот, додека училишните совети повикуваат училиштата да останат затворени.

Јужна Кореја е втора земја во светот по бројот на потврдени случаи на заболени од МЕРС по Саудиска Арабија, каде од 2012 година се регистрирани над илјада лица. МЕРС зафати вкупно 23 држави, меѓу кои Јордан, Катар, ОАЕ, Тунис, Велика Британија, Германија, Италија и Франција. Официјално се потврдени 1.271 случај на заразени луѓе, а починати се најмалку 448 лица. Против вирусот засега нема вакцина или лек.

Би можело да ве интересира

Најголемите епидемии и пандемии во светот во изминатите 100 години

Ана Ололовска

Јужна Кореја објави крај на епидемијата од МЕРС

Ана Ололовска

Јужна Кореја објави крај на епидемијата од МЕРС

Ана Ололовска

Поради стравот од МЕРС над половина милион туристи од Кина и Јапонија не дошле во Јужна Кореја

Ана Ололовска

Во Јужна Кореја МЕРС сега е под контрола

Емир Латифовиќ

Триесетина луѓе во карантин во Чешка поради сомнителен случај на МЕРС

Ана Ололовска