Жителите на шпанскиот автономен регион Каталонија утре гласаат на предвремени избори за членови на регионалниот Парламент во Барселона.
Изборите беа распишани на почетокот на октомври, откако централната Влада во Мадрид го активираше членот 50 од Уставот на Шпанија, со што ја укина автономијата на Каталонија и воведе директна управа над регионот, како одговор на одлуката на властите во Барселона за еднострано прогласување независност. Со укинувањето на автономијата, Мадрид ги распушти каталонската Влада и Парламент и распиша предвремни регионални избори.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој се надеваше дека на тој начин ќе добие на време за да се смират страстите по прогласената независност на Каталонија и одлуката за апсење на дел од каталонските регионлани лидери под обвинение за антидржавни активности, бунт, организирање бунт и злоупотреба на државни средства.