Референдумот за новиот устав на Египет ќе се одржи во две етапи

Од:

Референдумот за проектот за нов устав на Египет ќе се одржи на 15 и на 22 декември, наместо само на 15, објави денеска државната телевизија.

– Врховната изборна комисија одлучи референдумот на египетска територија да биде организиран во два дена. Тој ќе се одржи во сабота на 15 декември и наредната сабота на 22 декември, соопшти телевизијата.

На половина милион Египќани кои живеат во странство од денеска ќе можат да гласаат за предлог-уставот. На територијата на 150 амбасади се организирани гласачки места, каде 586.000 регистрирани избирачи ќе можат да се произнесат „за“ или „против“ проектот за новиот устав, изготвен од исламистите, кој наиде на протести од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет