РИА Новости – Москва
Властите во Ирачки Курдистан ја објавија намерата да спроведат референдум за независност, кој ќе ја претвори таа нова земја во смртна закана за едни и важен сојузник за други држви.
25 септември 2017 година. Имено, на тој датум според Курдите може да се стави крај на многувековната неправда кон нивниот народ. За тој датум всушност раководстсвото на Ирачки Курдистан најави референдум, за независност, како резултат на кој треба да се создаде независна курдска држава.
– Тој референдум е законско право на нашиот народ и затиа ние би сакале да ги разгледале мирно (со Багдад) резултатите од тој референдум, рече лидерот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани.
Малкумина се сомневаат какви ќе бидат неговите резултати – дека делот на оние кои ќе гласаат „за“ ќе биде под 80 проценти.
Официјалната влада на Ирак категорично се изјасни против тој референдум. – Ниту една партија не може самата да решава за судбината на Ирак, рече портпаролот на ирачката Влада Саад ал Хадид.
Неговата позиција е доста чудна, затоа што за жал на Хадид и на Ирак во целина, судбината на земјате е решена пред речиси 15 години. Американската инвазија фактички ги скрати сите врски кои ја држеа земјата како една држава. А конците со кои Ирак постојано беше шиен не беа во состојба да го издржат напорот на центрифугалните сили.
Освен тоа, Курдистан веќе де факто е и независен и тоа веќе многу години. На крајот на краиштата, Курдите зборуваат за намерата да не ги прекинуваат врските со Багдад. На пример, Ербил (престолнината на Ирачки Курдистан) беше повикан од Багдад да ја продолжи борбата против терористите. Освен тоа, Ербил има намера „да стори се што е можно“ за да биде „успешно“ управувањето на сегашниот ирачки премиер Хајдер ал Абади.
Проблемот е во тоа што референдумот „ќе го погреба“ Хајдер ал Абади. Претворањето на независноста на Курдистан од де факто во де јуре, може да предизвика верижна реакција за распад на цел Ирак и нема да овозможи зачувување на државата, дури и во федеративна форма.
Освен тоа, Курдите кои ќе го напуштат Ирак ќе ги „земат со себе“ не само територијата на Курдистан, туку и оние подрачја кои се заземени од курдските борци (пешмерги) во текот на сегашната војна со Исламска држава. На пример, богатиот со нафта Киркук, кој според плановите на Ербил, треба да влезе во курдската држава, а исто и Синџар, кој е населен со јазиди.
Да, Курдите не прават референдум првпат. Во 2005 година, во Ирачки Курдистан се одржа аналогно народно изјаснување и околу 98 проценти гласаа за независност. Но прво, како што точно подвлекува Барзани, „тогашниот реферндум беше објавен и споведен од невладини организации, а сегашниот се организира од владата и политичките партии“. Второ, тогашниот референдум се одвиваше на територија помала од денешната, што сега ја контролираат ирачките Курди. И трето, тогаш во 2005, меѓународната заедница не помагаше за независноста. Сега ситуацијата донекаде е различна.
Веста за референдумот предизвика остра реакција од страна на соседите на Ирачки Курдистан. Таа одлука „длабоко ги огорчи“ турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Претседателот-султан го нарече референдумот „погрешен чекор кој претставува закана за територијалната целовитост на Ирак“ и кој “нема да му донесе корист никому“.
Иранците се согласуваат со Турците. – Курдистан е неодделив дел од ирачката територија и Иран го поддржува единството на Ирак, изјави Бахрам Гасеми, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.
Двете држави немаат интерес од појавата на независен Ирачки Курдистан, затоа што на своите територии имаат сопствени курдски енклави. А таму е немирно – курдски борци редовно вршат напади од бази во Ирак врз иранска територија, а во курдските провинции на Турција се води речиси граѓанска војна.
Но, можат ли Анкара и Техеран да сторат нешто? Од воена гледна точка – ништо. Сега Турците всушност ги местат Курдите за можна интервенција, на пример преку одбивањето на поддршка за Багдад, односно Киркук. – Согласно ирачкиот Устав, Киркук е ирачки град и тој не се наоѓа на границите на територијата на Курдите, вели Ибрахим Калин, претставник на претседателот на Турција.
Според него, секаков обид Киркук да биде вовлечен во прашањето на референдумот ќе предизвика проблеми како во тој град, така и околу него.
Но, едно нешто е да се закануваш, а сосема друго е да започнеш војна. Ирачките пешмерги ја покажаа својата способност. – Ирачки Курдистан е тврдина, нешто како островче на безбедноста на целиот Блиски исток. Голем број Арапи пристигнуваат таму за обичен одмор, за нив се градат кампинзи, рече за РИА Новости рускиот политиколог Карине Геворгијан, кој повеќе пати го посетил Ирачки Курдистан.
Да претпоставиме дека Анкара ќе започне да ги реализира своите закани. Да стави ембарго (или поточно, да се приклучи кон скоро неизбежното ирачко ембарго), а исто така започне и воени операции.
Во тој случај таа ќе ги загуби не само сите големи економски инвестиции во тој регион, туку и големи политички инвестиции. На пример, ако Масуд Барзани го одбие договорот меѓу Курдите и Ердоган со кој Ирачки Курдистан ќе се обврезе да не ги поддржи турските Курди во замена за турски пари и турски стоки.
Во основа, како што забележа турскиот новинар Чингиз Чандар, Ирачки Курдистан е денес единствениот пријател на Турција во регионот и би било неразумно тој да биде изгубен. Па, нели во тој случај Барзани може да се сврти кон Иран (Техеран одамна работи на зајакнување на своето влијание врз Ербил), кој веќе е геополитички противник на Анкара.
Техеран ги има истите проблеми со изборот. Конфликтот со Ирачки Курдистан би довел до засилување на поддршката за Ербил меѓу курдските борци во самиот Иран, а освен тоа Иран би го загубил сето свое влијание над регионот во корист на Турците.
Се разбира, постои излез од таа дилема. Техеран и Анкара може да ја надминат взаемната недоверба и заедно со Багдад и Дамаск да организираат повеќестрана блокада на Ирачки Курдистан. Но, во тој случај Барзани може многу лесно да се сврти кон други партнери за кои е важно и нужно да бидат пријатели со ирачките Курди.
На пример, да соработува со Американците. Не случајно во Стејт департментот заземаа доста дипломатска позиција за референдумот – тие „ги ценат законските стремежи на народот на Ирачки Курдистан“, но притоа „поддржуваат единствен, обединет и демократски Ирак“, но исто така сметаат дека „референдумот само ќе го отстрани вниманието од посериозните задачи во регионот, како што е разбивањето на Исламска држава“.
Во Вашингтон гледаат на ирачките Курди (како и на сириските) како на американската позиција во регионот, преку кои може да се влијае во сите насоки – и на прекумерно амбициозната Турција и на агресивниот според Американците, Иран, и на Ирак, и на разни сили во Сирија. Независен проамерикански Ирачки Курдистан е прекрасна бариера за задржување на сите регионални сили. Затоа Американците ќе го поддржат Ербил, како со пари, така и со гаранции за безбедност.
Друг потенцијален пријател е Саудиска Арабија. На неофицијално ниво, Саудијците веќе го поддржаа референдумот. Така тие ќе можат да ги сопрат како Иран, така и Турција. Кон позицијата на Ријад се приклучија и саудиските сојузници, Египет и ОАЕ:
Конечно, може да бидат најдени и други партнери чии гаранции се посолидни. На пример, Русија. Такви преговори во Москва веќе се водени и трговски понуди веќе се направени (според некои информации, Роснефт ќе учествува во развојот на нафтено-гасовиот огранок во Курдистан).
Така денес Масуд Барзани располага со сите можности да добие реална независност за Ирачки Курдистан и практично веднаш да го фиксира разводот со Багдад (на пример, преку одбивањето на Ирачки Курдистан да учествува на парламентарните избори во Ирак во 2018 година – да се даде последна шанса за еден таков чекор би било многу комплицирано).
Всушност, Барзани може да си создаде широк простор за маневрирање. Според мислењето на Карине Геворгјан, тоа е можно преку изборот на правилната формулација на референдумот: не „независност“, туку „дел од конфедерација“. Потоа може да се договара со Багдад за условите на таа конфедерација и тоа за многу, многу добри услови.
Сега Масуд Барзани зазема многу тврда позиција. – Тоа е референдум за независност и јас сакам сите да го сфатат тоа. Кога референдумот ќе заврши и започнеме дијалог со Багдад, немаме намера да се откажеме од желбата на народот. Референдумот е за независност и неговире резултати ќе бида вметнати во животот, изјави лидерот на Ирачки Курдистан.
Сепак, до 25 септември има време за размилсување. И тоа од сите.