Референдумот во Египет „полн“ неправилности, обвинуваат повеќе невладини организации

Од:

Голем број невладини организации соопштија дека вчерашниот референдум за новиот предлог Устав бил проследен со серија нерегуларности и побараа прегласување.

Вчерашното гласање беше „во стилот на Мубарак“, изјави на прес конференција Бахеј Едни Хасан од Каирскиот центар за човекови права.

Хасан изнесе соопштенија на повеќе невладини организации, меѓу кои на Египетската организација за човекови права и движењето Шајфинком.

За време на гласањето набљудувачите од цивилниот сектор биле спречени да влезат на гласачките места, судскиот надзор не бил целосен, а некои луѓе лажно се претставувале како судии, истакнуваат авторите на соопштението.

Според нив во неколку случаи им било забрането на жените да гласаат.

Речиси половина од гласачите или 26 милиони луѓе гласаа на вчерашниот референдум во Египет. Останатите ќе гласаат на 22 декември.

Според партијата за слобода и правда на претседателот Мухамед Морси одговорите „да“ за новиот устав водат по првиот круг гласање.

Изборната комисија соопшти дека официјалните резултати ќе бидат објавени по вториот круг од рефереднумот.

Според египетските медиуми по првиот круг од референдумот 59 проценти од гласачите го поддржуваат предлогот за нов Устав, додека 41 процент се против.

Големо мнозинство „не“ гласови се преброени во Каиро и Александрија, двата најголеми египетски градови.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет