Референдум за зачувување на традиционалното семејство во Словачка

Од:

Словаците, од кои мнозинството се католици, денеска на референдум ќе се изјаснат за заштита на традиционалното семејство и забраната за посвојување на деца од истополови парови, јави дописникот на МИА од Прага

Граѓаните во петмилионската земја, треба да гласаат дали се согласуваат, на паровите или групите на лица од ист пол да им биде овозможено посвојување и подоцна воспитување на деца. Второ референдумско прашање укажува на тоа бракот да не може да се смета за соживот на други лица, освен меѓу еден маж и една жена.

Третата точка се однесува на тоа, училиштата да не можат да бараат од студентите да учествуваат во настава од областа на сексуалното образование или еутаназијата.

Првично, минатата година беа предложени четири референдумски прашања од кои по оценување на Уставниот суд за неуставно е одбиено едно од нив и тоа конкретно прашањето дали посебната заштита, правата и обврските не треба да се признаваат само за соживотот во рамките на бракот.

Според експертите, Референдумот ќе биде неуспешен заради мала излезност, и покрај тоа што му претходеше жестока кампања преку контроверзни спотови, билборди и летоци како и говори на гркокатолички свештеник за хомосексуалците.

Дел од најгледаните приватни телевизиски станици и јавниот радиодифузен сервис (РТВС) не ги емитуваа рекламите за референдумот.

– Словачка ќе гласа главно за себе, но тоа ќе биде историско гласање и за цела Европа. Словачка има можност да испрати јасен сигнал дека семејството и односите меѓу мажите и жените е основа на европската цивилизација, рече Антон Хромик, портпарол на Невладината организација (НВО) Алијанса за семејството, која минатата година собираше потписи за организирање на референдумот.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Словачка: Готвач си ја искасапил девојката

Горан Наумовски