Жителите во 1.000 општини на југот на Бразил вчера организираа референдум на кој гласаа за отцепување од Бразил.
Движењето е најактивно во државите Рио Граде до Сул, Санта Катарина и Парана, кои се меѓу најбогатите во Бразил, и неговиот лидер Селсо Дочер вели дека посиромашните северни држави и корумпираните власти во Бразилија ги трошат парите што југот ги плаќа за даноци. Слоганот на движењето, кое донекаде црпи инспирација од состојбата во Каталонија, е „Југот е мојата земја“.
Во октомври 2016 година, слично сепаратистичко движење собра над 600.000 гласови во поддршка на барањето за независност, а годинава Дочер се надева дека ќе собере три милиони гласови. Идејата за независност на јужен Бразил влече корени од средината на 19-иот век, кога италијанскиот револуционер Џузепе Гарибалди помогнал да се создаде Републиката Рио Гранде дo Сул.