Референдум во Романија за изградбата на третиот реактор на „Козлодуј“

Од:

Невладините организаци од романскиот град Крајова собраа 13 илјади потписи против намерата на Бугарија за изгардба на трет нуклеарен реактор во нуклеарната централа „Козлодуј“, пишува весникот „Адеврул“.

Согласно плановите на бугарските власти новиот реактор ќе биде поставен на 3,7 километри од границата со Романија, а жителите на романската област Олтенија се против проектот.

Најверојатно на 15 ноември ќе биде организиран референдум на тема нуклеарните проекти во „Козлодуј“. Граѓаните ќе треба да одговорат со „да“ или „не“ на прашањето: Дали се согласувате со реализирањето на проекти за новите објекти во „Козлодуј“, Бугарија, поради што општината Крајова влегува во зона на нуклеарен ризик?, пишува весникот.

„Козлодуј“ е единствеата нуклеарна централа во Бугарија и таа се наоѓа во близина на реката Дунав, на оддалеченост од четири километри од границата на Бугарија со Романија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он