Редици и тепачки за бензин во САД

Од:

Жителите во североисточниот дел на САД во долги редици чекаат на бензинските пумпи.

По ураганот Сенди, во кој загинаа 90 лица, а направена е штета од 30 милијарди долари, сега Американците на северот се соочуваат со недостиг на бензин и тешкотии во превозот.

Редиците на бензинските пумпи се долги и по неколку километри и почнуваат од зори.

Имало и неколку тепачки меѓу оние кои чекале на пумпите во Њујорк и Њу Џерси. Но ситуацијата се влошува и се очекува некои области да останат и без струја до 11 ноември. Многу њујорчани ги разгневи одлуката на градоначалникот Блумберг овој викенд сепак да се одржи традиционалниот маратон, но тој одговори дека Њујорк е град кој мора да продолжи да живее.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април