Кина конечно направи прв голем чекор кон ново набљудување на ѕвездите со поставување панели на најголемиот радиотелескоп во светот.
Телескопот почна да се гради во 2011 година и конечно поставувањето на чувствителни панели почна неодамна. Телескопот носи име Отворен сферичен 500-метарски телескоп или скратено FAST.
Составен од конструкција и 4.450 троаголни панели. Секоја е долга по околу 11 метри, а нивното поставување почна синоќа.
Телескопот е сместен во провинцијата Гуичо, во место изолирано од луѓе и објекти.
– Со негова помош ќе бараме интелегентен живот и потекло на нашата вселена, изјави Ву Чиангпинг директор на Кинеското астрономско друштво.
За споредба, најголемиот радиотелескоп на Земјата во опсерваторијата Сресибо е широк само 305 метри. Изградбата чини девет милиони евра додека FAST до крајот на работите ќе чини 100 милиони евра.