Речиси половина од населението на Романија е на прагот на сиромаштија

Од:

Околу 40 отсто од Романците се наоѓаат во опасност од сиромаштија и социјална исклучивост, а земјата е претпоследната во Европа, пред Бугарија, според овој  показател, во ситуација кога под закана од сиромаштија во ЕУ просечно се наоѓа 25 отсто од населението, пишува денеска романскиот весник „Путера“, цитирајќи на еврокомесарот за земјоделие Фил Хоган, кој беше во посета на Романија.

– Знам дека околу 40 отсто од населението на Романија е во опасност од сиромаштија и социјална исклучивост, на второ место по Бугарија. Просечното европско ниво изнесува  25 проценти. Сиромаштијата во Романија силно е концентрирана во селските реони, пред се, заради лошата инфраструктура и недостигот од работа, рече еврокомесарот за земјоделие, кој заедно со европскиот комесар за регионален развој беа во посета на оваа земја.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година