Речиси осумдесет отсто од израелските Евреи не веруваат во мир

Од:

Речиси 80 проценти од израелските Евреи мислат дека мирот со Палестинците не е можен, покажа испитувањето на јавното мнение, два дена по втората рунда од мировните преговори во Ерусалим, обновени кон крајот на јули во Вашингтон.

На прашањето дали овој пат ќе биде постигнат конечен договор со кој ќе се заврши судирот, 79,7 проценти од анкетираните одговориле негативно, а само 6,2 отсто потврдно.Преостанатите 14,1 отсто не изразиле мислење.

Резултатите од анкетата, со која беа опфатени 500 израелски Евреи, се објавени во десничарскиот весник „Исраел Хајом“ (Израел денес), а ја спроведе Институтот за истражувања „Хагал Хахадаш“.

Одговарајќи на прашањето за одлуката на владата во пресрет на обнавувањето и во текот на преговорите да пушти на слобода палестински затвореници који веќе долго време издржуваат затворска казна, 77,5 проценти од испитаниците изјавиле дека се против таквиот потег и само 14,2 отсто кажале дека се за.

Израел во вторникот вечерта ослободи 26 палестински затвореници пред втората рунда од преговорите, што беше закажана за среда. Тоа е првата група од вкупно 104 Палестинци кои ќе бидат пуштени на слобода во зависност од напредокот во преговорите.

Речиси 63 отсто од анкетираните навеле дека повеќе би сакале владата да објавеше замрзнување на ширењето на еврејските наслелби на Западниот Брег, отколку што одлучи да ги пушти затворениците од кои многумина се осудени за убиство.

Би можело да ве интересира

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки