Речиси милион луѓе ширум САД се без струја поради силната зимска бура, во која загина еден пожарникар во Мичиген, а вкупно 13 милиони луѓе се погодени од невремето.
Потполковникот Итан Квилен, 28-годишен пожарникар волонтер, почина откако го удриле далноводи додека одговарал на повикот во средата вечерта, соопштија претставници на државната полиција на Мичиген на брифинг со новинарите.
Речиси милион луѓе ширум САД останаа без струја во четвртокот попладне поради силната зимска снежна бура, а најпогодена е американската сојузна држава Мичиген, каде повеќе од 820.000 домови и деловни објекти останаа без струја, објави денеска „Гардијан“. DTE, еден од најголемите снабдувачи на електрична енергија во Мичиген, пријави голема штета на енергетската инфраструктура поради големиот мраз, со повеќе од 2.000 далноводи во прекин.
На запад, бурата донесе и снег низ Калифорнија и ги поттикна првите предупредувања за снежна бура по децении за планинските области на окрузите Лос Анџелес, Вентура и Санта Барбара кои ќе траат до сабота попладне.
Синоптичарите предупредија дека бурата ќе продолжи да носи снег во западните делови на САД, како и во северните рамнини и Големите езера.
Во исто време, делови од јужниот дел на САД ќе имаат рекордно топло време за овој период од годината, со температури над 26 степени Целзиусови.