Речиси е завршена евакуацијата на набљудувачите на ОБСЕ од Украина

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека евакуацијата на членовите на мисијата од Украина е речиси завршена.

– Процесот на привремена евакуација на сите членови на меѓународната мисија е речиси завршен. Последната преостаната група – главниот набљудувач и високиот менаџерски тим – сега ќе ја напуштат Украина, се наведува во соопштение на ОБСЕ.

На почетокот на минатата недела, неколкумина од околу 500-члениот тим на набљудувачи сe уште беа заглавени во Харков и Керсон.

Некои набљудувачи, исто така, требаше да бидат евакуирани од источните региони Луганск и Доњецк, се додава во извештајот.

ОБСЕ, исто така, соопшти дека примила извештаи дека просториите на нивниот специјален центар за набљудување мисии во Мариупол вчера „биле оштетени поради гранатирање“ .

Кон крајот на февруари, организацијата одлучи привремено да ја заврши својата мисија поради руската инвазија врз Украина и да го повлече својот невооружен меѓународен тим надвор од земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина