Речиси 90 отсто од населението во Хенан е заразено со Ковид, тврди директорот на здравствената комисија за провинцијата

Од:

Речиси 90 отсто од населението во третата најнаселена кинеска провинција Хенан е заразено со коронавирус, соопшти директорот на здравствената комисија за таа централна провинција, Кан Кванченг.

Тој на прес-конференција рече дека од 6 јануари стапката на инфекција во провинцијата Хенан е 89 отсто.

Во Хенан живеат 99,4 милиони луѓе, што значи дека околу 88,5 милиони сега веројатно се заразени.

Бројките од провинцијата Хенан се во спротивност со податоците за Ковид кои ги објавува Владата во Пекинг.

Според податоците од Пекинг, од укинувањето на политиката за нулта ковид во Кина во декември минатата година, се заразиле само 120.000 луѓе, додека 30 лица починале.

Кина на 8 јануари ги олесни ограничувањата за патувања во земјата и во странство иако ширум земјата се шири нов бран инфекции.

Претставници на владите на земјите-членки на ЕУ на 4 јануари издадоа препорака до земјите-членки дека патниците кои летаат од Кина за ЕУ ​​треба да имаат негативен тест за коронавирус пред да влезат во авионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна