Без електрична енергија останаа речиси 90 илјади домаќинства во канадската провинција Нова Шкотска поради силните ветрови кои што го зафатија регионот.
Во ноќта од неделата кон понеделникот брзината на ветровите достигнала до 110 километри на час, што довело до паѓање на голем број дрва кои ја оштетиле електричната мрежа.
Поради лошото време откажани биле и голем број на летови, а околу 650 лица работат на терен за поправање на штетите.