Речиси 1.500 Романци обвинети за злоупотреба на служебната положба

Од:

Близу 1.500 Романци се обвинети за злоупотреби на службената положба, што наводно се случиле последниве десет години, соопшти денеска романската Национална дирекција за борба против корупцијата.

Како што јави агенцијата Аџерпрес, Уставниот суд на Романија на 15 јуни ќе одлучува дали да ја декриминализира злоупотребата на служебна должност, која моментно се смета за престап.

– Ако тоа се случи, ние повеќе нема да можеме да гониме, изјави главниот обвинител на Дирекцијата, Лаура Кордуца Ќовеши. – Секој чиновник ќе може да прави што ќе посака, на штета на државата и граѓаните, дополни таа. 

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година