Реалити шоу на Марс

Од:

Холандската компанија „Марс оне“ планира да испрати четири астронаути на еднонасочно патување на Марс. Тие според планот ќе пристигнат на Марс до април 2023 година и нивна основна задача ќе биде да преживеат и да ја колонизираат
планетата.

Обуката на астронаутите ќе започне следната година и се разбира уште од почетокот целиот настан ќе биде пропратен медиумски со цел го добие вниманието и поддршката на луѓето.

Пол Ромер, автор на проектот „Големиот брат“ ја коментираше оваа идеја како претерана, но во исто време и многу возбудлива: „Овие луѓе го прават тоа толку едноставно, затоа што размислуваат надвор од нормалните граници“ рече тој, а „идејата за пат до Марс без можност да се вратите назад е претерана, но и истовремено многу возбудлива“.

Самиот проект ќе биде финансиран од телевизиското шоу кое на телевизиските станици ќе се пренесува од самиот почеток, уште од обуката на астронаутите. Кога ќе пристигнат на Марс ќе ги дочекаат живеалишта и опрема за преживување, а според планот таму ќе останат до крајот на својот живот. Две години по нивното пристигнуваље ќе им се придружи и остатокот од екипата на „Марс оне“ и полека ќе започат да создаваат заедници.

Основачите на корпорацијата кои планираат да ги преселат луѓето на Марс се: Бас Лансдорп, Арно Вилдерс, Брајан и Сузан Верстаг Флинкенфлоген. Ако успеат проектот ќе им донесе многу пари и слава.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ