Реакција на Кина на ултиматумот на Трамп: „Ја зајакнуваме поддршката за Русија“

Од:

Кина објави дека ќе ја зајакне поддршката за Русија откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини од околу 100% ако Москва не ја прекине војната во Украина во рок од 50 дена, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Пекинг и Москва треба „да ја зајакнат меѓусебната поддршка на мултилатералните форуми“ откако го прими рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг.

За потсетување, Трамп, покрај заканите со царини за Русија, се закани и со секундарни царини од 100% за земјите што увезуваат руски енергетски производи. Најголеми увозници на руски енергетски производи се Кина и Индија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Кина ја контролира трката за критични минерали – Британија предупредува на сериозен ризик за економската безбедност