Реaкции поради настаните во Египет

Од:

Белгија најави дека ќе ја затвори Амбасадата во Египет поради зголемените тензии во Египет. Персоналот на дипломатската мисија ќе биде евакуиран.

Во исто време, официјален Париз повика на смирување на ситуацијата во Египет и изрази силна вознемиреност поради насилството.

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг ја осуди денешната употреба на сила во Каиро, додавајќи оти стравува поради ескалација на насилството во земјата.

Претходно, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд истакна дека одговорноста за настаните во Египет и за смртта на демонстрантите е на режимот.

Иранското Министерство за надворешни работи го осуди насилството во Египет предупреди дека денешните настани би можеле да имаат сериозни последици.

И Катар, кој е еден од главните поддржувачи на Муслиманското братство упати критика за полициската опарација против приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси. Официјална Доха апелираше до египетските безбедносни сили да го поштедат животот на луѓето.

Претходно, и Европската унија повика на воздржаност од вмешаните страни во настаните во Каиро.

И шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле ги повика сите политички сили да се дистанцираат од насилството.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун апелираше денеска за максимална воздржаност по најновиот развој на случувањата во Египет.

На Твитер неговиот портпарол напиша дека Бан е вознемирен од она што се случува во Каиро и повторно апелирал за воздржаност.

Египетските сили за безбедност утрово почнаа со долго најавуваната операција за отстранување на два протестни кампови на приврзаници на поранешниот претседател Мохамед Морси во Каиро. Движењето на Морси, Муслимански братство тврдат дека во акцијата се убиени стотина луѓе додека египетските власти тоа го демантираат.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски