Реакции на Јункер и Туск по говорот на Меј за Брегзит

Од:

Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер ќе има телефонски разговор денеска со британскиот премиер Тереза Меј која ја претстави долгоочекуваната стратегија за Брегзит. Неговиот портпарол изјави дека Јункер бил информиран за денешниот говор на Меј и подоцна ќе остварат телефонски разговор.

– Тажен процес, надреалистични времиња, но сепак пореален исказ за брегзит, напиша на Твитер претседателот на ЕС, Доналд Туск.

Тој додава дека останатите членки на ЕУ се единствени и подготвени за преговори откако Британија ќе побара активирање на Членот 50 од Лисабонскиот договор.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година