Развивме белоруска вакцина против коронавирусот, се пофали Лукашенко

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека земјата има развиено своја вакцина против коронавирусот.

– Вчера ја добивме нашата вакцина во епрувета – белоруска. Друга, поинаква од онаа што ја купуваме денес. Она што лекарите го нарекуваат жива вакцина, рече Лукашенко.

Лукашенко потсети на негативните реакции што ги доби откако објави дека Белорусија планира да развие своја вакцина.

Тој, сепак, истакна дека не постои гаранција оти постојната вакцина ќе обезбеди заштита од нови видови на коронавирусот.

– И денес имаме вакцини кои се ефикасни, (произведени) во рамките на руските технологии и купени од Кина. А утре нашата вакцина, која веќе ја имаме во епрувета, ќе ја приспособиме на кој било иден вид на вирус. Којзнае што ќе се случи утре, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Путин: Руското тактичко нуклеарно оружје е во Белорусија

Во Белорусија произведуваме лансери за „Орешник“, чекаме проектили од нашиот постар брат, вели Лукашенко

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Лукашенко ги покани Трамп, Зеленски и Путин на разговори во Минск

Горан Наумовски