Разузнавачките агенции на САД и на Русија разговараат за нуклеарните ризици

Од:

Соединетите Американски Држави и Русија управуваат со нуклеарните ризици преку разговори што меѓусебе ги водат разузнавачките агенции, изјави за руските медиуми Елизабет Руд, вршител на должноста во Американската амбасада во Москва.

„САД имаат канали за управување со ризиците со Руската Федерација, особено по однос нуклеарните ризици, и тоа беше целта на состанокот на директорот на ЦИА, Брнс, со неговиот руски колега“, рече Руд.

„Директорот Брнс не преговараше за решение на конфликтот во Украина“, додаде таа.

Администрацијата на Бајден го испрати Вилијам Брнс неколку пати во текот на изминатата година на разговори со Русите. Дипломатскиот ветеран и поранешен американски амбасадор во Русија стана клучен посредник меѓу двете земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Завршија руско-американските разговори во Истанбул