Разузнавачите стравуваат од нови терористички напади во Европа

Од:

Американските и британските разузнавачки служби стравуваат од нови терористички напади во Европа, објави во денешниот број германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.

Весникот тврди дека американското разузнавање пресретнало телефонски резговор меѓу претставници на џихадиситчката група Исламска држава, кои велат дека тоа што оваа недела се случи во Франција е само „почеток на бранот на терор во Европа“.

Тие во разговорот велат и дека нивни припадници можат да се инфилтрираат во европските земји претставувајќи се како бегалци од Сирија.

„Билд ам Зонтаг“ наведува дека британското разузнавање ги предупредило своите европски партнери дека постои опасност од нов терористички напад во воздушниот простор над Европа.

Неделникот додава дека европските тајни служби сепак не располагаат со конкретни докази за подготовка нов терористички напад во Европа, нагалсувајќи дека ваквата закана засега е апстрактна.

Според податоците на германските власти, во Германија има околу 1.000 приврзаници на исламскиот тероризам, од кои околу 230 во перспектива би можеле да извршат напади на германска територија, наведува „Билд ам Зонтаг“.

Би можело да ве интересира

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Француска армија соопшти дека во Мали се убиени околу 30 џихадисти

А1он

Џихадисти во Нигерија киднапираа 20 деца

А1он

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД

Ана Ололовска