Разузнавачи: Русија не сака поделба на Украина

Од:

Русија не сака Украина да биде поделена, оценуваат разузнавачки официјални претставници од неколку земји-членки на НАТО, предупредувајќи против погрешните проценки за политиката на Москва во врска со укаринската криза, пишува гермаскиот весник Шпигел.

Русија не е заинтересирана за ескалирање на ситуацијата во Украина и нема да го повтори „кримското сценарио“. Москва е само заинтересирана за реорганизација на самопрогласените Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република во функционални административни единици во рамки на федерализирана Украина, сметаат разузнавачите.

НАТО едноставно ја прекина секоја соработка со Русија поради кризата во Украина, обвинувајќи ја Москва дека испраќа трупи и воена опрема за проруските сили во регионот на Доњецк и Луганск.

Освен тоа, Алијансата значително го зголеми присуството на своите сили во балтичките држави и другите источноевропски земји, тврдејќи дека тоа е неопходно за заштита на овие земји од евентуален руски напад.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион