Разрешениот заменик-премиер на Каталонија, Ориол Жункерас и уште тројца обвинети каталонски сепаратистички лидери ќе останат во притвор, одлучи денеска судијата од шпанскиот Врховен суд, Пабло Ларена.
Покрај Жункерас, во притвор остануваат и поранешниот претседател на советот за внатрешни работи на Каталонија, Жоаким Форн, како и Жорди Санчес, Жорди Куишарт, претседатели на сеператистички организации Каталонско национално собрание и Оминум Културал.
Продолжувањето на притворот е поради ризик да го повторат делото. Други шест уапсени ќе бидат ослободени со кауција од по 100 илјади евра.
Пред белиски судија пак денеска треба да се појават и разрешението премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон и четворица членови на неговиот кабинет. Судот во Белгија ќе одлучува дали тие ќе бидат предадени на Шпанија, која издаде наредба за нивно апсење.