Разрешен најблискиот соработник на Ким Џонг-ун

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој денеска допатува во Русија, го разреши својот најблизок соработник Ким Јонг Чол, кој беше главен преговарач со американскиот државен секретар Мајк Помпео за денуклеаризација на Северна Кореја, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Агенцијата не ги објави мотивите за смената од функцијата, но се повика на изјава на шефицата на јужнокорејскиот парламентарен разузнавачки одбор Ли Хај Хун.

Ким Јонг Чол беше раководител на Одделот на обединетиот фронт, тело на севернокорејската Работничка партија, која се занимава со односите со Јужна Кореја, а во последно време и со САД. . Тој секогаш го придружуваше Ким на патувањата во странство, учествуваше на Самитот САД-Северна Кореја во Ханој, а во јануари беше примен и од американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Според најавите, на негово место ќе биде назначен Џанг Кум Чол.

Ким Џонг-ун денеска допатува во Владивосток на средба со рускиот претседател, а медиумите забележаа дека во неговата делегација го нема Ким Јонг Чол.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт