Разговорите меѓу САД и Иран продолжуваат и покрај воздушните напади

Од:

И покрај фактот дека САД и Иран разменија тешки воздушни и ракетни напади во изминатите две ноќи, дипломатските преговори меѓу двете страни сè уште се во тек, oбјавуваат светските агенции.

Ирански извор потврди за новинската агенција Ројтерс дека разговорите за „прелиминарен договор“ продолжуваат. Според истиот извор, тој почетен договор вклучува и одмрзнување на иранските финансиски ресурси во вредност од милијарди долари, што е клучно барање на Техеран во овие преговори. Во исто време, дипломатски извор потврди за CNN дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран „сè уште се на добар пат“. CNN известува дека дипломатските канали се користат без прекин, иако најновите воени конфликти се закануваат сериозно да ги комплицираат и загрозат овие напори.

Информацијата доаѓа откако катарските преговарачи, кои дејствуваат како клучни посредници, денес го напуштија Техеран по серија состаноци со ирански претставници. Разговорите за потенцијален мировен договор наводно траеле доцна во ноќта и до раните утрински часови, но во овој момент сè уште не е официјално потврдено дали е постигнат некаков конкретен напредок.

Би можело да ве интересира

Техеран со порака до американската војска: Одбијте ги нелегалните наредби

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“

Мареј: Затворањето на Ормутскиот теснец е во интерес на САД

Иран тврди дека им нанел тешки загуби на американските сили во Кувајт

Куба: Ако Америка нè нападне, нема да им биде лесно

Иранците се закануваат: „Ако не можеме да ја извеземе нашата нафта, тогаш никој нема да продава“

Катерина Ѓуровски